Поранешниот тренер на Рафаел Надал кој е и негов чичко, Тони Надал смета дека неговиот внук ќе бил многу повеќе успешен ако не беа повредите.
„Тешко е да се каже кој е најдобар – дали е тој што играл на највисоко ниво, или тој што освоил најмногу титули. Мислам дека Рафа ќе беше дефинитивно најдобар ако не беа повредите, но вака е малку зад Федерер и Ѓоковиќ“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Според мене Федерер е тој кој ги направи најголемите работи“, изјави Тони Надал.
Неодамна со победата на Австралија Опен Надал стана рекордер по бројот на освоени гренслем титули. Рафа има 21, а Федерер и Ѓоковиќ по 20.