Дома Трансфер зона Toлку од Катар? Манџукиќ пред враќање во Европа, познато и кој клуб е фаворит

Toлку од Катар? Манџукиќ пред враќање во Европа, познато и кој клуб е фаворит

Eпизодата во Катар не ги исполни очекувањата на Марио Манџукиќ.

Хрватскиот фудбалер после агонијата во Јувентус беше желба на неколку клубови, но се одлучи за егзотичен трансфер и заминување во Ал-Духаил каде што веќе добро заработи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Манџукиќ не ги оправда очекувањата и не игра на нивото. На насловните страни во медиумите во Катар е оценет како катастрофално и скапо промашување, а наводно и тренерот Ваилд Реграг дал зелено светло Хрватот да замине после само шест месеци.

На катарските медиуми се надоврзаа турските кои најавуваат дека 34 годишниот напаѓач би можел да заигра во нивната Суперлига.

„Манџукиќ не е среќен во Катар, а доколку се одлучи да се врати во Европа Галатасарај ќе биде неговиот прв избор“, пишуваат медиумите.

Во претходниот период Манџукиќ се поврзуваше и со Бешикташ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Шпанските  медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден …