Селекторот на нашата машка сениорска селекција, Александар Тодоров го одреди поширокиот список од 24.кошаркари на кои ќе смета за време на подготовките и натпреварите во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА, односно квалификациите за Европското првенство во 2022 година.
По задолжителното PCR тестирање на Ковид-19, кое ќе биде реализирано на 8. односно на 9. февруари во Скопје, селекторот Тодоров ќе ги објави имињата на кандидатите за настап во последниот дел од квалификациите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Машката сениорска репрезентација во наредниот период, од 18. до 22. февруари, на турнирот во Перм ќе одигра четири натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2022 година.
СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ПОДГОТОВКИТЕ И НАСТАП ВО ФЕВРУАРСКИ КВАЛИФИКАЦИСКИ ЦИКЛУС ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2022 ГОДИНА
- Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
- Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
- Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
- Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
- Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
- Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
- Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)
- Андреј Митревски (ТФТ)
- Виктор Ефремовски (Работнички)
- Марјан Младеновиќ (Работнички)
- Љубомир Младеновски (Работнички)
- Дамјан Робев (Куманово 2009)
- Горјан Марковски (Куманово 2009)
- Бојан Трајковски (Пелистер)
- Бобан Стајиќ (Пелистер)
- Марко Симоновски (Кожув)
- Војдан Стојановски (Гравелин-Франција)
- Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)
- Џејкоб Вајли (Гран Канарија-Шпанија)
- Шејн Витингтон (Сеа Хорсес-Јапонија)
- Стојан Ѓуроски (ХЛА Аликанте – Шпанија)
- Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија)
- Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт-САД)
- Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет-Италија)