Според информациите на „Фудбал Лекс“, најплатен фудбалер на денешницата е капитенот на Баселона, Лионел Меси.
Аргентинецот зад себе ги остави Нејмар од Пари Сен Жермен и Кристиано Роналдо кој во Јувентис добива плата од 31 милион евра по сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меси во Барселона заработува 40 милиони евра, додека неговиот поранешен соиграч и денешна ѕвезда на ПСЖ, Нејмар во Париз има договор според кој добива 36.8 милиони евра годишно. Како што спомевме третото место е резервирано за Роналдо.
Зад нив следува Герет Бејл со 25 милиони евра, а помеѓу најплатените е Оскар кој во кинскиот Шангај добива 26 милиони евра сезона. Познато е дека Кинезите не штедат за да ги привлечат најголемите фудбалски имиња, па така во во оваа топ 10 листа од кинеската лига доаѓаат двајца претставици.
Кога се клубовите во прашање најмногу претставници има ПСЖ (3).
10. Грацијано Пеле (Шадонг Луненг Таишах) – 18 милиони евра
9. Анхел Ди Марија (ПСЖ) – 18.5 милиони евра
8. Тиаго Силва (ПСЖ) – 19 милиони евра
7. Вејн Руни (ДЦ Јунајед) – 19.5 милиони евра
6. Пол Погба (Манчестер Јунајтед) – 21,5 милиони евра
5. Оскар (Шангај ШИПГ) – 22.5 милиони евра
4. Герет Бејл (Реал Мадрид) – 25 милиони евра
3. Кристиано Роналдо (Јувентус) – 31 милион евра
2. Нејмар (ПСЖ) – 36.8 милиони евра
1. Меси (Барселона) – 40 милиони евра