Дома Фудбал Англија Toнали поминал добро во скандалот со обложување!

Toнали поминал добро во скандалот со обложување!

Според последните информации, Сандро Тонали и не поминал толку лошо. На Тонали му се закануваше највисока суспензија бидејќи се обложувал на натпревари во кои самиот учествувал и се најавуваше дека може и до три години да биде надвор од терените.

Со овие десет месеци веројатно е задоволен и Њукасл кој претходно искажа целосна поддршка за својот играч. Исто така Тонали ќе мора да оди и осум месеци на рехабилитација од зависност за коцкање.

Претходно Николо Фаџоли соработуваше со обвинителството и доби само седум месеци суспензија, па веднаш истата стратегија ја применија и адвокатите на Тонали што очигледно се покажа како добра за нив,

Тонали и Фаџоли се првите осудени во скандалот со обложување во кој се вмашени повеќе фудбалери и од Италија, но и од други земји.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Харви Елиет ќе игра за Валенсија

Играчот од средниот ред на Ливерпул Харви Елиет е пред трансфер во Валенсија. Според Матео…