Дома Останати Тенис Teнисерка призна: На Ролан Гарос игравме со ковид-19, се криевме

Teнисерка призна: На Ролан Гарос игравме со ковид-19, се криевме

Maрин Чилиќ и Матео Беретини поради коронавирус нема да настапат на Вимблдон, а сега на оваа тема зборуваше француската тенисерка Ализ Корне која за „Л’Eкип“ предизвика многу реакции со својата изјава.

На минатогодишниот Ролан Гарос, вториот гренслем во годината на терените во Париз многу тенисерки играле заразени со ковид-19 и се криеле не пријавувајќи ги симптомивте. Како што вели таа имало договор да се молчи и да не се кажува ништо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„На Ролан Гарос многу играчи во машка и женска конкуренција имаа ковид-19. Се договоривме ништо да не кажуваме. Имавме температура и болки во грлото, но продолживме да играме. Молчевме затоа што кога такви работи ќе се појават по медиумите „огнот брзо се шири“ и се ќе беше загрижувачки“, изјави Корне.

Во овој момент Корне е 37-ма тенисерка на ВТА листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …