Мајами по голема пресвртница го победи Орландо со резултат 89:88, а херојот на победата беше Тајлер Хиро кој во последната секунда од натпреварот постигна кош за победа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Репрезентативецот на Србија, Никола Јовиќ, за нешто помалку од 24 минути игра постигна осум поени, четири скока, пет асистенции и три украдени топки. За жал, на почетокот од последната четвртина Јовиќ се пожали на повреда. Излезе од игра и повеќе не се врати на теренот.
Јовиќ по едно скокање остана да лежи на паркетот и се виткаше од болки, а потоа со тешкотии го напушти теренот и отиде до клупата. Снимката ги исплаши сите, како во Мајами, така и во Србија, па останува надежта дека повредата не е од посериозна природа. Но, ова никако не изгледа добро за српскиот кошаркар.
Nikola Jovic injured his left ankle on this drive to the rim. pic.twitter.com/HL7mSMmlxn
— Playbook Sports (@PlaybookSN) December 27, 2024