Дома Фудбал Тензична ситуација во Вардар: Миленко забранил влез на официјални лица – блокиран тренинг кампот!

Тензична ситуација во Вардар: Миленко забранил влез на официјални лица – блокиран тренинг кампот!

Иако во Вардар дојде до промена на раководството, сепак сега се случува една тензична ситуација.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, на денешниот состанок извршниот директор Миленко Неделковски забранил влез на официјални лица од маркетинг тимот, а по таквата негова одлука следела блокада на тренинг-кампот.

На навивачките страни на Вардар беше испратен и повик навивачите да дојдат пред тренинг кампот.

„Во знак на револт и протест, ги повикуваме ВЕДНАШ сите наши членови, екипи и навивачи на клубот, да дојдат пред тренинг кампот во Хиподром.

Денес им беше забранет влезот за сите официјални членови на Маркетинг тимот на клубот, како и за сите останати членови на групата!

Нашиот одговор е јасен:

НЕМА ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ додека не се решат сите проблеми во клубот и не се испочитува договорот потпишан помеѓу Здружението ,,35 години Вардарци” и Атила Бижен Жалили!

СИТЕ ЕКИПИ – СЕКОЈ ЧЛЕН! СИТЕ ПРЕД ТРЕНИНГ КАМПОТ“, објавија „Комити87Скопје“, стои во објавата.

Ќе потсетиме навивачите преку здружението „35 години Вардарци“ во потпишаниот договор со Атила Бижен Жалили задржаа 15% од акциите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сонот на Нејмар живее: Се најде на поширокиот список на Анчелоти!

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе се најде на прелиминарната листа на бразилската реп…