Дома Трансфер зона Teн Хаг на располагање ќе има 100 милиони евра за засилување од Барселона?

Teн Хаг на располагање ќе има 100 милиони евра за засилување од Барселона?

tenhag

Манчестер јунајтед планира да ги воодушеви навивачите со нови заслувања ова лето, а тренерот Ерик Тен Хаг наводно добил 100 милиони евра за да го купи Френки де Јонг од Барселона.

Новинарот Пит О’Рорк објави дека Тен Хаг нема да има пречки при избор на нови засилувања, а едно од нив треба да биде Де Јонг, како што се шпекулира веќе неколку недели.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Де Јонг сака да остане во шпанската Ла Лига, но неговата плата од 200.000 евра во Барселона ѝ прави проблем на каталонската екипа, која мора летово да продава фудбалери за да ги врати загубите од пола милијарда евра во последните две години.

Каталонскиот гигант наводно ќе се согласи на трансфер за Де Јонг, но само ако добие понуда од 100 милиони евра, а толку планираат да понудат „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…