Дома Фудбал Англија Teн Хаг: Манчестер Сити е најдобриот тим во светот, бевме блиску да победиме

Teн Хаг: Манчестер Сити е најдобриот тим во светот, бевме блиску да победиме

Maнчестер Сити вчера сосема заслужено со подобра игра славеше во градското дерби со Манчестер Јунајтед со 3:1. Но, Ерик Тен Хаг смета дека неговиот тим бил блиску до победа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Доминираше Манчестер Сити, Јунајтед поведе од првата шанса и потоа се закануваше само преку контри. Само благодарение на одличниот Онана во првиот дел Сити не постигна барем три гола во првото полувреме.

Токму поради тоа изјавата на Тен Хаг за натпреварот е малку чудна и изненадувачка.

„Брилијантно се браневме, бевме блиску да победиме или барем да одиграме нерешено. Се што видов беше добар перформанс. Фудбалерите дадоа се. Не заборавајте дека Манчестер Сити е најдобриот тим во светот“, изјави Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кој е познатиот навивач кој на Светското првенство стои како статуа – зошто го нарекуваат „живата статуа“?

ЗНАМЕНИТИОТ навивач на Демократската Република Конго, наречен „жива статуа“, го направи св…