Дефанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, Касемиро би можел да го пропушти натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите, пренесува „Мундо Депортиво“.
Доколку Бразилецот не настапи за Реал во вторник тоа ќе биде голем удар за екипата на Карло Анчелоти. Касемиро почувствувал болки во левиот бутен мускул и неговиот настап е под знак прашалник.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилецот до сега во сезоната ги одигра 89.5% минути на Реал во Ла Лига и Лигата на шампионите, а Анчелоти баш и нема природна замена за него на таа позиција. Камвинга играше добро против Осасуна, но останува да се види дали во случај на отсуство на Касемри може да го повтори тоа ниво на игра против драстично посилен противник.
Во второто полуфинале во Лигата на шампионите исто така ќе се сретнат англиски и шпански клуб – Ливерпул и Виљареал.