Дома Фудбал Останато Teпачот на судијата во Турција се појави пред судот

Teпачот на судијата во Турција се појави пред судот

Сега веќе поранешниот претседател на турскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коча направи голем скандал откако неодамна во турскиот шампионат го нападна главниот судија Халил Мелер, а сега излезе на суд и му се заканува затворска казна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Судијата Мелер во нападот се здоби со повреди, додека Коча доби дожиотна суспензија од Фудбалскиот сојуз на Турција за вршење на функција во фудбалот.

Но, тој веројатно нема да помине само со суспензијата бидејќи му се заканува и затворска казна од дури 13 години. Денес во Турција започна неговото судење.

„Не е точно дека сум му се заканувал. Првпат во животот тргнав да се пресметам со некого. Веќе кажав дека ми е жал за тоа што го направив и ќе го повторам тоа“, изјави Коча пред судот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Детали за трагедијата во Португалија: Велосипедистот го удрил автомобил кој залутал!

Британскиот велосипедист Финли Тарлинг го загуби својот живот на само 19 години во тешка н…