Првиот човек на турскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коча кој вчера направи голем скандал во турското првенство претепувајќи го судијата по натпреварот против Ризеспор бил уапсен.
Турскиот суд веднаш наредил да биде приведен, а заедно со него во полиција завршиле и уште две лица осомничени за нападот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од Фудбалскиот сојуз на Турција го прекинаа првенството, но и најавија најстроги казни за сите вмашени во инцидентот.
Turkey referee punched: Ankaragucu president Faruk Koca arrested after attack https://t.co/k3znTI0Evo
— BBC News (UK) (@BBCNews) December 12, 2023
Судијата Халил Умут Мелер од ударите се здоби со сериозна модринка на лицето, но и повреди по телото поради што беше задржан во болница од каде и што го раскажа случајот (ТУКА).