Maкедонската репрезентативка Сара Ристовски доби големо признание од новинарите кои гласаа за идеалниот тим во Лигата на шампионите. Ристовска со ЦСКА Москва успеа да обезбеди место на фајнл-фор завршницата, а нашата репрезентативка беше една од најдобрите во рускиот тим. Токму затоа е избрана во Ол-Стар тимот, односно е најдбро десно крило во елитното натпреварување.