Поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац и официјално беше промовиран за нов селектор на ракометната репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Пред една недела Брестовац го напушти Тиквеш и прифати да биде селектор на ОАЕ, откако зад себе остави една успешна сезона со тимот од Кавадарци. За Брестовац ова е второ искуство на Блискиот исток откако претходно работеше во Саудиска Арабија. …