Дома Фудбал Останато ПСЖ добива конкурент: Уште еден француски великан станува финансиски моќен?

ПСЖ добива конкурент: Уште еден француски великан станува финансиски моќен?

sent etien

Француската Лига 1 за некоја година би можела да стане повозбудлива.

Доаѓањето на шеикот од Катар во ПСЖ скоро и да го „умртви“ француското првенство бидејќи Пари Сен Жермен нема вистинска конкуренција, освен исклучокот од 2017 година кога Монако ги изненади и ја освои титулата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега уште еден голем француски клуб би можел да добие богати сопственици. Имено, на големо се зборува дека тимот на Сент Етјен би можеле да го превземат инвеститори од Обединетите Арпаски Емирати.

Преговорите со американските инвеститори пропаднаа во мај, а сопствениците Ролан Ромеје и Бернар Кајачо и понатаму сакаат да го продадат клубот.

Финасиската состојба во Сент Етјен во овој момент не е баш идеална. „Зелените“ практично живеат од кредити, па инвестиционата група од Емиратите би можела да ја врати стабилноста во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…