Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо во свој стил ја искоментира победата над Јанг Бојс во Лигата на шампиони. „Црвените ѓаволи“ потешко од очекуваното стигнаа до победа со гол во 91-та минута, но тоа значеше дека Манчестер Јунајтед е осминафиналист. Мурињо после мечот не пропушти да потенцира дека нема сезона во која неговиот тим не се пласирал во нокаут фазата. …