Дома Фудбал Англија Мурињо распали по Погба: Ти си како вирус, не почитуваш никого!

Мурињо распали по Погба: Ти си како вирус, не почитуваш никого!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо за киксот против Саутемптон директно ги обвини играчите од средниот ред.

Ако им се верува на англиските медиуми дошло до нова жестока расправија помеѓу Мурињо и Погба, за кого „Специјалниот“ смета дека е најголем виновник за лошите резултати.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По завршувањето на мечот на „Сент Мери“, „Специјалниот“ влетал во соблекувалната и го нападнал Французинот.

„Ти не играш. Не ги почитуваш играчите и навивачите.Го убиваш менталитетот на сите добри луѓе околу тебе. Ти си како личност со грип, со вирус кој го пренесуваш на другите“, викал Мурињо.

Погба само молчел, а од него дефинитивно се очекува повеќе со оглед дека е најскап фудалер во историјата на клубот. Французинот од 30 дуели загуби 15, а процентот на успешни додавања му беше едвај 85%.

Доколку е точно ова што го пренесоа англиските медиуми, тогаш дефинитивно ќе значи дека за нив двајца нема место во еден ист тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пике во проблем: Судот ја блокираше сметката на неговата компанија

Шпанскиот суд денеска нареди замрзнување на банкарската сметка на компанијата предводена о…