Најтрофејниот македонски клуб Вардар остана без неколку првотимци поради финансиските проблеми со кои се соочи во претходниот период. Последен фудбалер кој ја напушти екипата од Скопје е 20-годишниот Ерен Парталко, кој потпиша договор со Пелистер. Парталко две ипол години го носеше дресот на Вардар, а претходно беше дел и од младинската екипа на Академија Пандев.