Maнчестер Јунајтед вчера претрпе тежок пораз на „Олд Трафорд“ од градскиот ривал Манчестер Сити во рамките од полуфиналето во Лига Купот. Јунајтед одигра лошо прво полувреме во кое прими три гола и само благодарение на Де Геа не прими барем уште еден. Сити во вториот не напаѓаше премногу, Јунајтед постигна еден гол и ја ублажи предноста на 1:3 пред реваншот. …