Дома Трансфер зона Планот на Манчестер Јунајтед: Продажба на Погба и засилувања вредни 300 милиони евра

Планот на Манчестер Јунајтед: Продажба на Погба и засилувања вредни 300 милиони евра

На лето би можеле да видиме поинаков тим на „црвените ѓаволи“.

Пред Оле Гунар Солскјер е голем предизвик и тешка задача – да го врати Манчестер Јунајтед на славните патеки. Нема сомневање дека за тоа ќе биде потребна голема сума.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Три имиња кои се споменуваат во медиумите на Островот вредат дури 320 милиони фунти, па прашање е дали „црвените ѓаволи“ ќе успеат во намерата да ги обезбедат нивните потпис или барем на некој од нив.

Тандемот од Барселона Осман Дембеле и Фелипе Кутињо е многу баран, клубот не би имал ништо да ги продаде, иако Кике Сетиен би можел и да го задржи Бразилецот. Сепак, парите можат да пресудат. Барса од нив може да заработи и 250 милиони евра, а ситуацијата ја подгреа каталонскиот „Спорт“ кој пишуваше дека Дембеле се распрашувал за животот во Манчестер кај сонародникот Марсијал.

Се шпеулира и за Федерико Киеза, Италијанецот е на радарот на најголемите клубови на Апенините и за неговите услуги Фиорентина бара 50 милиони евра.

Клучот на овие „операции“ треба да биде продажбата на Пол Погба од кого клубот би добил повеќе од 100 милиони евра и после пандемијата. Со уште неколку продажби сигурно можат да остварат заработка од 200 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…