Дома Боречки спортови Алексовска се пласира во финале – ќе се бори за златен медал на ЕП во Белград

Алексовска се пласира во финале – ќе се бори за златен медал на ЕП во Белград

Македонската ММА борачка Даниела Алексовска обезбеди место во финалето на Европското првенство кое се одржува во Белград, откако во полуфиналната битка славеше против Израелката Рути Розмарин.

Алексовска доминираше во текот на целиот меч, покажувајќи одлична тактичка подготвеност и борбен дух. Сите три рунди беа во нејзина корист, а судиите едногласно ја прогласија за победник по поени, нагласувајќи ја нејзината супериорност во октагонот.

Со оваа победа, таа си обезбеди место во големото финале, каде што ќе се соочи со украинска противничка во борба за златото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Егоров повторно на 57 кг, Македонија со седум адути за светскиот собир во Астана

Шест борачи и Вероника Консевич ќе ја претставуваат Македонија на сениорскиот Мундијал од …