Дома Фудбал Останато Даниела Алексовска утре ќе се бори за финале на Светско првенство!

Даниела Алексовска утре ќе се бори за финале на Светско првенство!

Македонската ММА борачка Даниела Алексовска, која во февруари стана европска шампионка, утре ќе ја има својата нова голема битка – полуфинале на Светското првенство што се одржува во Тбилиси, Грузија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нејзина ривалка ќе биде претставничката на Азербејџан, Нармин Алиева, а мечот е закажан за 9 часот наутро по македонско време.

Алексовска во рингот влегува само две недели по последната победа, кога во Скопје на настанот „Армада“ ја совлада Романката Лаида Флочеа.

Полуфиналниот дуел на македонската борачка ќе може да се проследи во живо на телевизискиот канал „Арена Фајт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арена спорт го објасни проблемот со каналите на македонски јазик

По лансирањето на проектот Арена Македонија кој почна на почетокот на овој месец измиантит…