Агентот на Сусо отпатувал за Лондон каде ќе има средба со раководството на Челзи за евентуален трансфер на Шпанецот, пренесуваат италијанските медиуми. Крилниот напаѓач на Милан е голема желба на новиот тренер Маурицио Сари, кој сакаше да го донесе Сусо уште во Наполи. Челзи е спремен да му ја исполни желбата и наводно веќе започнал преговори со агентот на Сусо. …