Англиските медиуми лансираа вистинска трансфер „бомба“ и тврдат дека Барселона и Челзи започнале преговори за Нголо Канте.
Приоритет на Каталонците е засилување на средниот ред, а една од најголемите желби е францускиот репрезентативец Нголо Канте.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Британски „Скај Спорт“ пренесува дека двата клуба веќе започнале преговори и дека Каталонците се спремни покрај пари да го понудат и Андре Гомеш.
Целата операција ќе зависи од новиот тренер Маурицио Сари кој на таа позиција си го донесе неговиот миленик Жоржињо. Притоа, италијанскиот стратег е голем симпатизер на играта на Андре Гомеш.
Преговорите се во почетна фаза, а силен интерес за Канте покажува уште и Пари Сент Жермен.
BREAKING: Sky in Italy: @FCBarcelona keen to sign @nglkante from @ChelseaFC & could offer Andre Gomes in return. #SSN pic.twitter.com/CAwq1Qppy9
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 13, 2018