Жозе Мурињо и неговиот Тотенхем вечерва беа шокирани во Загреб, Динамо Загреб ги победи со 3:0 и ги елиминираше од Лигата на Европа. Херој на Динамо беше Мислав Орсиќ кој постигна хет-трик. После натпреварот Мурињо откри дека неговите играчи биле спремни посебно да внимаваат на Орсиќ. „Верувам дека не сме изненадени од Динамо затоа што пред натпреварот знаевме дека мораме …