Раководството на Тотенхем веќе ги разгледува опциите за нов тренер и Мауриџио Сари е прв фаворит за да го замени Жозе Мурињо, пренесуваат англиските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Медиумите на Островот пренесуваат дека Мурињо сигурно ќе добие отказ без разлика како „спарси“ ќе ја завршат сезоната.
Причината за тоа е лошата серија во првенството, како и срамната елиминација од Лига Европа. Раководството веќе ја загубило довербата во Жозе Мурињо и бара нов тренер за следната сезона.
Маурицио Сари е без ангажман после отказот во Јувентус и би можел да се врати во Премиер лигата, каде го водеше тимот на Челзи и со кого ја освои Лига Европа.
Наводно Тотенхем веќе започнал преговори со неговиот менаџер и двете страни се блиску до договор.