Дома Фудбал Италија Ефект Мурињо: Акциите на Рома доживеаа огромен скок

Ефект Мурињо: Акциите на Рома доживеаа огромен скок

Веста на денот денес пристигна од Рим, Жозе Мурињо ќе ја води Рома од наредната сезона.

Буквално од никаде, како бомба одекна веста дека Мурињо ќе ја превземе Рома без претходно да има некакви шпекулации. Ретко кој очекуваше дека тоа ќе се случи, но ако некој вложел во акциите на Рома само пет минути пред веста да биде објавена брзо ќе заработел добра сума.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Имено, проценките се дека вредноста на акциите на Рома скокнале прво за 12%, а потоа да има скок и за 26% во однос на она што било пред се да биде објавено.

Ова само покажува колку големо име е Мурињо во светот на фудбалот и дека е тој поединец кој навистина може да донесе промени во некој клуб. Има многу што не го сакаат, но и што го сакаат…Тоа го прави посебен.

Рома повеќе нема да биде иста со Мурињо на клупата, многу работи се менуваат, сигурно дека сега клубот од Рим ќе привлекува повеќе внимание.

И спортскиот директор на Рома Тијаго Пинто добро знаеше кого доведува.

„Кога ни се укажа шанса да го доведеме Жозе не чекавме ниту минути. Веднаш ја искористивме приликата и разговаравме со еден од најдобрите тренери на сите времиња. Не импресинираше неговата желба за победа и страста која ја има кон фудбалот. Во кариерата освои толку многу трофеи, но фасицинантно е тоа што не го интересира минатото. Секогаш е фокусиран на идниот трофеј. Има знаење, искуство и знае како се води тимот во сите натпреварувања. Свесни сме колку време, трпение и вистински луѓе се потребни за да изградиме успешен спортски проект. Цврсто сме убедени дека Жозе е совршен избор за нашиот проект“, гласеше изјавата на Пинто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…