Жозе Мурињо на клупата на италијанскиот Интер го имаше еден од најуспешните периоди во тренерската кариера.
Специјалниот од 2008. до 2010. година ги предводеше Нероаѕурите, а во 2010. ја освои тројната круна, со што ги освои срцата на навивачите на тимот од Милано.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Жозе тврди дека без оглед на фактот што има посебен однос со навивачите на Интер, без многу размислување би седнал на клупата на некој од неговите ривали.
„Би сакал да работа со пријателите, но претходно им се оддолжив со победите и трофеите. На сите сум благодарен, од претседателот, сопствениците, до играчите. Дадов се од се себе во секој клуб.“ – рече Мурињо и додаде:
„Кога заминам од некој клуб, зборувам само најдобро за нив. Не сум тип на човек кој ќе кажува погрдни зборови. Не! Секогаш сум позитивен.“
„Со Интер освои се. Тоа е посебен тим, но ако еден ден имам шанса да одам во Италија и тренирам некој ривал, нема два пати да размислувам. Јас сум професионалец и на таков начин гледам на работите. За мене тоа е сосема во ред.“ – додаде Жозе.