Новото раководство на Милан работи на нови засилувања во јануарскиот преоден рок, но истовремено сака долгорочно да ги задржи најдобрите фудбалери во тимот. Вчера италијанските медиуми открија дека „дијамантот“ Патрик Кутроне веќе ставил потпис на нов договор и ќе остане на „Сан Сиро“ најмалку до 2023 година. Следен кој наскоро треба да ја продолжи верноста со „росонерите“ е Џакомо Бонавентура. …