Дома Фудбал Италија Ибра открива: Галиани ме продаде без да сакам, правев се за да пропадне трансферот во ПСЖ!

Ибра открива: Галиани ме продаде без да сакам, правев се за да пропадне трансферот во ПСЖ!

Златан Ибрахимовиќ наскоро ќе ја објави неговата автобиографија, но додека се чека промоцијата се појавија детали од истата.

Ибрахимовиќ детално опишува како не сакал да го напушти Милан во 2012 година и правел се за да не се реализира неговиот трансфер во ПСЖ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Бев во мојата куќа во Ваксхолм и само што се вратив од возење мотор на вода. Тогаш видов дека имам дури пет пропуштени повици од Мино Раиола. Го прашав што се случува, а тој ми кажа дека ќе ми се јави Леонардо. Тогаш помислив кој ли е сега Леонардо, а набрзо сфатив дека тој е спортски директор на ПСЖ“.

„Му реков на Мино дека нема да му одговорам на Леонардо бидејќи Галиани ми кажа дека нема да ме продадат. Но, Мино ми одговори дека веќе сум продаден. Кога ми го кажа тоа, му возвратив дека ќе барам секакви луди и неостварливи нешта од ПСЖ за да се откажат од мене. Му кажав дека ќе имаме посебно барање за секоја точка во договорот, а кога го завршив разговорот со него, и порачав на мојата сопруга дека ПСЖ никогаш нема да ги прифати моите услови“, раскажува Ибра.

„Но, 20 минути подоцна, Мино ми испрати порака и ми кажа дека се е прифатено. После тоа немаше враќање назад. Го прифатив договорот бидејќи сум човек од збор и кога кажувам нешто, кажано е“, пишува во необјавената книга на Ибра.

Според италијанските медиуми Ибрахимовиќ е сега пред враќање во Милан и тоа во јануарскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалер на Вест Хем доби посебна мотивација за натпреварот со Сити – бесплатно кафе до крајот на животот!

Викендов се игра последното коло во Премиер лигата, а во него со шанси за титулата влегува…