Дома Фудбал Италија Милан ослабен против Бетис!

Милан ослабен против Бетис!

Најголемата ѕвезда на Милан, Гонзало Игуаин ќе го пропушти утрешниот меч на „росонерите“ во Лига Европа против Бетис.

Аргентинскиот напаѓач не успеа да се опорави од повредата со која се здоби на мечот со Удинезе и нема да патува во Шпанија со остатокот од тимот.

Повредата на Игуаин не е сериозна, па италијанските медиуми најавуваат дека напаѓачот најверојатно ќе биде спремен за дербито против Јувентус во недела.

Покрај Игуаин за утрешниот меч Гатузо нема да може да смета уште на Бонавентура, Биглиа и Калдара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Возиња: Животот ми беше подобар пред Светското првенство

Возиња (40) го живее својот живот поинаку отколку порано. Пресвртната точка беше на Светск…