Дома Фудбал Италија Милан повторно на удар на УЕФА: „Росонерите“ без засилувања во јануари?!

Милан повторно на удар на УЕФА: „Росонерите“ без засилувања во јануари?!

Милан повторно е на мета на УЕФА.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Eвропската куќа на фудбалот би можела да го казни италијански Милан со 20 милиони евра поради кршење на правилата на финансискиот фер-плеј, пренесуваат италијанските медиуми.

Исто така на Милан би можело да му биде забрането да регистрира нови играчи во јануарскиот преоден рок.

На Милан поради кршењето на правилата на ФФП според кои клубовите не смеат да потрошат повеќе отколку што заработиле му беше забрането учество во Лигата на Европа. Меѓутоа судот за спортска арбитража ја прифати жалбата на „росонерите“, па тие добија право за настап.

Спортскиот суд за арбитиража пресуди Милан да се врати во Лигата на Европа, но УЕФА го врати предметот за да воведе пропорционална казна. „Република“ пренесува дека во наредните денови Милан ќе биде казнет со околу 20 милиони евра, но и суспензија за регистрирање на играчи во јануари.

Казната на „росонерите“ би им била доделена за претходното прекршување на правилата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рекордни девет клубови од Англија ќе настапат во Европа следната сезона

Англиската Премиер лига втора година по ред ќе има дури девет претставници во европските н…