Taжна вест го погоди денес македонскиот спорт. Почина младиот кикбоксер Марко Тодоров. Тодоров во својата кратка кариера освои бројни медали и важеше за еден од најнадежните кикбоксери кај нас. На социјалните мрежи денеска од 23-годишниот Тодоров се збогува неговото семејство и неговите најблиски. Утре во 13:30 часот во капелата 1 во Бутел најблиските ќе го испратат последниот поздрав до Марко.