Во медиумите од Шпанија по вчерашниот натпревар со Алмерија гласно се зборува дека во Барселона го смениле мислењето и Чаби би можел да добие отказ.
До неодамна Лапорта јавно го убедуваше Чави да остане, но ситуацијата наводно се променила по неговите последни коментари во јавноста.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во клубот не биле задоволни затоа што Чави зборувал за финансиските проблеми и се пожалил дека не може да му бидат обезбедени играчите кои ги посакува.
Таквата изјава во раководството ја сфатиле како лична критика. Сепак, ако Барселона навистина сака да го отпушти Чави тогаш ќе треба да му плати богата оштета.
Во договорот на шпанскиот стратег има клазула за откуп која изнесува 20 милиони евра.