Дома Фудбал Англија Артета верува во титулата: Сонот е жив!

Артета верува во титулата: Сонот е жив!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета во пресрет на последното коло се уште не се откажува и верува во титулата во Премиер лигата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Манчестер Сити има предност од два бода и потребна му е победа на домашен терен против Вест Хем.

Од друга страна Арсенал треба да го победи Евертон, но и да се надева на кикс на „граѓаните“.

„Трофејот од Премиер лигата се уште не бил на „Емирати“, а е изграден пред речиси 20 години. Тоа е долго, долго време. Мора да бидеме многу оптимисти. Трофејот ќе биде таму и можно е да ги завршиме нашите обврски, а потоа да чекаме и да видиме што ќе се случи“,изјави Артета.

„Моментот е да се игра како секоја недела, со разбирање дека за да се оствари сонот треба да победиме.Тоа е сигурно. Тогаш мораме да се надеваме дека Вест Хем ќе го оствари тој сон. Тој дел е на нас и тоа е единственото нешто на кое можеме да се фокусираме“,додаде  Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Kако Енрике го создаде најмоќниот тим во светот? Бекам открива неверојатни детали

Во текот на три години, Луис Енрике успеа да изгради импресивен ПСЖ кој има реална шанса д…