Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот Бенџамин Шешко од Лајпциг.
Овој 20-годишен напаѓач привлече големо внимание на неколку гиганти, а на Островот го нарекуваат „новиот Халанд“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шешко би бил решение за нападот на Арсенал во следните години, а Лајпциг за неговите услуги бара 50 милиони евра.
Напаѓачот блеска оваа сезона во дресот на Лајпциг и за него интерес покажуваат уште Челзи, Милан и Манчестер Јунајтед.
Меѓутоа, „топџиите“ веќе започнале преговори со агентот и се во пол-позиција за неговиот потпис.
🚨 Arsenal are in pole position to sign RB Leipzig striker Benjamin Šeško.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 17, 2024
(Source: Sun Sport) pic.twitter.com/U0ZnfMHiGt