Ракометарите на француската репрезентација се нови шампиони на Европа откако во финалето во Келн ја совладаа Данска со резултат 33:31 и тоа по продолженијата. Тесното прво полувреме заврши нерешено (14:14), а по паузата Данците направија серија од 3:0 и поведоа со 17:14. „Триколорите“ не се предадоа, го израмнија резултатот и потоа минимално поведоа на седум минути пред крајот на дуелот …