Ракометарите на француската репрезентација се нови шампиони на Европа откако во финалето во Келн ја совладаа Данска со резултат 33:31 и тоа по продолженијата.
Тесното прво полувреме заврши нерешено (14:14), а по паузата Данците направија серија од 3:0 и поведоа со 17:14. „Триколорите“ не се предадоа, го израмнија резултатот и потоа минимално поведоа на седум минути пред крајот на дуелот (25:24).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Потоа Данците заиграа многу подобро и на две минути до крајот повторно се вратија во водство (27:26). Французите израмнија преку Фабрегас на 10 секунди пред крајот, а на Данците им остана само удар од девет метри. Хансен промаши и играта отиде во продолженија.
Додатните 10 минути донесоа нова драма, кај Французите конечно проработе Дика Мем, кој ги постигна првите голови во второто продолжение и им донесе позитива на Французите од два гола која ја одржуваа до крај за конечни 33:31.
Фабрегас беше најефикасен во редовите на новиот европски шампион со 8 гола, Ремили собра 5, а Лене, Пранди и Нача по 4.