Фудбалската репрезентација на Чиле остана без селектор. Неодамнешниот предводник на репрезентацијата на Чиле, Едуардо Беризо, поднесе оставка по ремито без голови против Парагвај во петтото коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година. Аргентинецот Беризо во својата кариера беше тренер на членовите на шпанската Примера Селта, Севиља и Атлетик Билбао, а беше и селектор на репрезентацијата на Парагвај. …