Словенија имаше фантастично отварање на Олимписките игри и благодарение на Лука Дончиќ стигнаа до победа против Аргентина. Аргентинците немаа решение за разиграниот Дончиќ кој натпреварот го заврши со 48 поени, 11 скока и 5 асистенции. Најдобриот потег на натпреварот го направи во второто полувреме кога со супер асистенција од зад грб му асистираше на својот соиграч.