Дома Останати Ракомет Македонија сака изненадување, Словенија со многу проблеми гостува во Скопје

Македонија сака изненадување, Словенија со многу проблеми гостува во Скопје

Maкедонските ракометари вечерва на свој терен од 20:00 часот ќе ја пречекаат Словенија во квалификациите за Европското првенство, а ова ќе биде прв натпревар за избраниците на Лазаров по одличниот настап на Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Натпреварот против Словенија Македонија го дочекува во добра форма и без проблеми со повреди кај клучните ракометари.

Единствено отпадна Павле Атанасијевиќ и на негово место шанса доби Цветан Кузманоски.Од друга страна Словенија се соочи со многу проблеми и повредени ракометари пред овој дуел, селекторот Зорман не може да смета на двоцифрен број ракометари.

Сепак и во таква ситуација Словенија е селекција која има длабок ростер и не може да се потцени.

Дополнителен мотив за момците на Лазаров можат да бидат полните трибини кои често пати во минатото знаеле да бидат ветер во грб во најважните натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Словачка доживеа потоп во Скопје, Македонија ќе игра уште еден Мундијал!

Maкедонската ракометна репрезентација не дозволи никакво изненадување и со уште поубедлива…