Реал Мадрид и Манчестер Сити играат возбудлив натпревар на „Сантиаго Бернабеу“, а домаќините имаат предност после првото полувреме. После првичното одмерување на силите и големата борба на средината на теренот, Реал дојде до водство во 35-та минута со голот на Винисиус. Модриќ одлично го проигра Камавинга, овој го најде Винисиус, кој со одличен шут од дваесетина метри го матира Едерсон. …