Дома Фудбал Тага во Мадрид: Почина еден од најважните функционери во клубот

Тага во Мадрид: Почина еден од најважните функционери во клубот

Реал Мадрид се простува од Фернандо Фернандез – Талијас кој денеска почина на 84-годишна возраст, а до својата смрт ја извршуваше функцијата потпретседател на клубот.

Член на Реал Мадрид, Фернандез беше повеќе од 30 години. Во таборот на „кралевите“ дојде во 1993 година и беше дел од сите Управни одбори кои ги водеше Флорентино Перез.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потпретседател во првиот мандат беше од 2000 до 2006 година, потоа по три години без функција во 2009 одново се врати на истата позиција и ја извршуваше се до неговата смрт.

„Во неговиот мандат, клубот освои вкупно 58 пехари, од кои 6 европски титули во фудбал и три во кошарка. Тој беше пример за лојалност, посветеност на Реал Мадрид. Неговата смрт преставува голема загуба за Реал Мадрид“, објавија „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси се сврте кон камерата и испрати важна порака🎥

Интер Мајами победи со 3:2 на гостувањето кај Монтреал во меч од МЛС шампионатот и на тој …