Дома Фудбал Лига на шампиони Неверојатен податок: Родриго и Винисиус веќе испишаа историја за Реал во Лигата на шампионите

Неверојатен податок: Родриго и Винисиус веќе испишаа историја за Реал во Лигата на шампионите

Винисиус Жуниор и Родриго веќе се во историјата на Реал Мадрид кога во прашање се стрелците во Лигата на шампионите.

Верувале или не, Бразилците постигнаа по 16 голови во елитното натпреварување во дресот на Реал и пред нив се само четворица играчи во историјата на „кралевите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неприкосновен е Кристијано Роналдо со 105 гола во Лигата на шампионите, потоа следи Карим Бензема со 78, Раул со 66, а потоа со само 17 Фернандо Мориентес. Тоа значи дека Родриго и Винисиус се на само еден гол да го прескокнат.

По 16 голови за Реал во Лигата на шампионите постигнаа играчи како Луис Фиго, Герет Бејл. Гути и Роберто Карлос, додека зад нив се – Серхио Рамос (15), Руд Ван Нистерлој (13), Роналдо (13),, Зидан (9)…Овие големи имиња само потврдуваат колку е тешко да се направи она што на младите Бразилци веќе им успеа.

Треба да се истакне дека Родриго е посебен феномен во оваа приказна бидејќи обожава да погодува во Лигата на шампионите. За Реал тој вкупно постигна 39 голови и дури 16 се во елитата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пред две години играше во втора лига, а вчера беше херој на својот тим во полуфинале од ЛШ

Борусија Дортмунд вчера го победи Пари Сен Жермен во првиот натпревар од двомечот во полуф…