Италијанскиот гигант Милан се раздели со дефанзивецот Густаво Гомез, кој се пресели во бразилски Палмеирас. Парагвајскиот репрезентативец беше на излезна врата од клубот подолго време, а Милан од трансферот ќе добие 6 милиони евра. Палмеирас ќе му плати на Милан 1,5 милион евра за едногодишна позајмица, а следното лето се обврза да го откупи договорот за додатни 4,5 милиони евра. …