Дома Трансфер зона Милан има „ново-стара“ мета и зделката „Фабрегас“ сега изгледа реална!

Милан има „ново-стара“ мета и зделката „Фабрегас“ сега изгледа реална!

fabregas

Како што пишува реномираниот „Кориере дело Спорт“ одделот кој е задолжен за трансфери во Милан веќе размислува на јаунарскиот преоден рок.

Најново име кое се поврзува со „росонерите“ е Цеск Фабрегас, кој не се споменува прв пат како желба на италијанскиот клуб, но овој пат барем според споменатиот медиум работата е посериозна, поради неколку причини.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Фабрегас има 31 година и актуелниот договор со Челзи му истекува на крајот на сезона, па на Челзи би му одговарало да го продаде во јануари за на лето да него изгуби без оштета.

Откако Сари дојде во клубот Шпанецот нема некоја голема улога, настапи само еднаш и тоа во поразот во Комјунити шилд од Манчестер Сити.

Во својата кариера Фабрегас настапуваше за Барселона, Арсенал и сега Челзи, а со евентуалното преминување во Милан за прв пат би заиграл на „Чизмата“.

Покрај Милан со Фабрегас претходно се поврзуваше и Атлетико Мадрид, но во овој момент трансфер на Апенините изгледа како најреална опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…