Дома Трансфер зона Милан и Интер се „тепаат“ за италијански репрезентативец

Милан и Интер се „тепаат“ за италијански репрезентативец

Двата милански гигани, Милан и Интер ќе водат битка за талентираниот италијански репрезентативец, Николо Барела, пренесуваат медиумите на Апенините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот играч за врска на Каљари веќе подолго време се поврзува со „нероаѕурите“, но сега „росонерите“ ќе се обидат да го „украдат“ талентот пред носот на градскиот ривал.

Барела важи за еден од најголемите таленти на Апенините и веќе дебитираше за италијанската репрезентација, а по стилот на игра многу потсетува на Наинголан.

Каљари за својот бисер бара 40 милиони евра, но таа сума е висока за двата милански клуба. Меѓутоа, Милан и Интер го сакаат Барела уште во јануари и се спремни да му понудат на Каљари играч плус одредена сума.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…