Дома Фудбал Италија Момент за историја: Едниот син на Малдини играше за Милан, другиот против „росонерите“

Момент за историја: Едниот син на Малдини играше за Милан, другиот против „росонерите“

Милан денес одигра пријателски меч со третолигашот Про Патриа во својот тренинг центар „Миланело“, а натпреварот беше специјален за семејството Малдини.

Легендарниот Паоло Малдини има двајца синови, постариот Кристиан игра на позајмица во Про Патриа, а помладиот Даниел беше повикан со првиот тим на „росонерите“.

Кристаин играше за Про Патрија во првите 45 минути, а пред крајот на мечот во игра за Милан влезе 16-годишниот Даниел Малдини, притоа го носеше легендарниот дрес со број 3, кој е повлечен во чест на неговиот татко.

Паоло Малдини сега е директор во клубот, па натпеварот го гледаше покрај теренот, а победија „росонерите“, 1-0 со голот на Борини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Уругваецот воодушеви во Ливерпул, Барселона ќе заработи 55 милиони евра

Уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо пред неколку месеци пристигна во Ливерпул на позајми…