Репрезентативецот на Португалија, Бернардо Силва ја освои наградата за најдобар фудбалер во првото издание на Лига на нации. Тој со својата репрезентација ја освои титулата победувајќи ја Холандија со 1:0, а после натпреварот беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Тој во текот на целиот турнир пропушти само еден натпревар, односно одигра пет и запиша еден погодок и една асистенција. …
